Thursday, November 8, 2012

Зошто „пеер“ не е веќе ин!?

Терминот „пеер“ значително почна да се употребува пред 15тина години и тоа од страна на адолесцентите. Неговото значење варираше; од позитивно: „Кај си бе *пеер!?“ (*другар), па се до негативно: „Е баш си *пеер“ (*недругар).

Неговата намена во никој случај не беше за да се навреди соговорникот, туку едноставно да се класифицира неговото делување како позитивно или негативно.

Во денешно време е излишно да се употребува тој термин и не само заради тоа што имаме адекватна замена за него (друже, баце, брат), него затоа што се накотија вистинските педери, тие кои порано ги немаше воопшто или пак многу вешто се криеја, па истите сега би можеле многу лесно да се навредат или да се збунат:

„Абе остај го, пеерче првокласно“.
„Еј, стварно!? Ај мести ми го“.

Се со цел да немаме вакви случаеви, а и да ги оставиме педерите на раат, апелирам овој термин да се искорени.

Со почит
Друже, баце, брат

Sunday, June 3, 2012

Усреќувачка кола

Многу сакам иновативни луѓе, ако некој е заинтересиран за колата ќе му го дадам бројот за да се јави. :)


Monday, May 21, 2012

Во случај на нужда

Во случај на нужда одиш во природа



- Фотката е сликана позади зграда во една скопска населба. :)

Friday, May 18, 2012

Шокантно: Откриено чудовиштето во Преспанското Езеро

Ја добив оваа фотка од извор кој сакаше да остане анонимен и поради тоа нема да кажам дека е од Скопје. 
На сликата јасно се гледа чудовиштето од Преспанското Езеро споредено со друга слика.




Tuesday, May 15, 2012

Saturday, May 12, 2012

Friday, May 11, 2012

Иновативност

Овојпат нема да пишувам текст туку ќе оставам сликата да си ги каже своите 1000 зборови. ;)



Напомена: Сликата е искористена за хумористични цели, а не партиски.

Sunday, April 29, 2012

Проектче три кромитчиња

По повод многуте проекти кои секојдневно ни се случуваат, решив да направам една пародија која се надевам дека ќе ви се допадне. Ако не ве насмее клипчето, сигурно ќе ве расплаче... вистината. ;)



Saturday, April 28, 2012

ЈСП и инструкциите

Се возам со автобус, оти немам избор. Немам како да стигнам до било која дестинација. Скапо ми е со кола, уште поскапо со такси, не сум добар возач на мотор, далеку ми е со точак, несмасен сум на ролери. И што ми останува после тоа, автобус и само автобус.

Не подновија со нови автобуси и тоа е сосема ок. Имаат клима за која треба да молиш да ти ја пуштат. Имаат низок плафон кој ја као повисок дечко морам да го избегнувам со цел да не заработувам џумки при секое користење на превозното средство. Имаат тесен простор за поминување кој особено ми пречи кога има гужва, а сега како што доаѓаат се потопли денови уште повеќе ќе ми пречи. И имаат неразбирливи инструкции:


Не ми се јасни некои работи, како тоа на вратата пишува забрането стоење, а на таблата пишува дека е дозволено стоење за 20 патници и како тоа на вториот кат не е дозволено стоење, а на таблата пишува дека е и тоа пак за 20 патници !?

Или инструкцииве се за Кинези, од каде и што се купени автобусите, или пак некој си игра мајтап со нас.




Thursday, April 26, 2012

Трол во програмата

Да бидам искрен, ретко вклучувам телевизор. Толку ретко што и кога ќе го вклучам, обично ми иде во фон додека правам сосема други работи низ дома.

Уште поретко пак гледам утринска програма, затоа што тој период обично се спремам за работа, па не ни имам можност да вклучам телевизор, а и не ни сакам, оти не ми треба додатно мрчало од сабајле додека проверувам дали сум заборавил да облечам фармерки пред да излезам од дома.

Но, има луѓе што го прават тоа, за таа цел ќе ви споделам едно клипче:




На прво гледање клипчето е смешно, оти тип се јавува во програма и ја ремети водителката. Но кога ќе си подразмислите малку, тип СТАНАЛ САБАЈЛЕ ВО 7 СААТ ЗА ДА СЕ ЈАВИ ВО ПРОГРАМА И ДА ЈА РЕМЕТИ ВОДИТЕЛКАТА!

Зошто побогу човеку !?

И тоа реметот од прва е ок, ама вториот со тангата и миничот... не баш. Според мене тоа веќе спаѓа во сексуално малтретирање и не знам дали постои закон за спречување на вакво малтретирање, ама треба да се измисли... кога можат закон за пружање гаќи, може и за сексуално малтретирање во програма. Едноставно ќе го видат бројот од кој се јавува гледачот, ќе контактираат со операторот кој му нуди телефонска услуга и оп на врата казна. Секоја заебанција се плаќа, вака или онака.

Да не ме разберете погрешно, ја сум за шала, сеир, заебанции и сл, ама кога се тие оправдани и со мерка. А да се правиш фраер на девојка посабајле и тоа без некоја посебна причина, за мене е „лејм“.

Оставете ја утринската програма на пензионерите, тие и онака немаат што друго да прават од сабајле. ;)



Wednesday, April 25, 2012

Кљомпа се обрати на јавноста

Евровизија како манифестација многу не ја почитувам, ама знам да ја ѕирнам под око, оти знаат да се појават прекрасни песни и изведувачи, кои можеби и не им е местото таму, туку на некоја далеку пограмурозна манифестација.

Како и да е, нашиот претставник за оваа година го знаеме, Кљомпа, нема да навлегувам во тоа како ја „избравме“ и што таа изјави пред некоја година во врска со оваа манифестација, туку само ќе го споделам ова видео и ќе ве почастам со транскрипција за истото:



„Хај ајм Калиопи фром Маседонија. Мај сонг „Блек енд Уајт“ ор „Црно и бело“. Бикоз мај Инглиш иц вери вери вери бет, рили бет... ај тел ју самтинг, ај хев биг биг спешл месиџ фор ју Јуроп... Јуроп. Ај инвајтинг ју... инвајтинг ју !? Инвајч ју ту ауор секнд семи фајнал енд ајм сингл ајс ту... аур сонг ту „Блек енд Рајт“ ис сонг ту афтер Жељко Јоксимович. Ахахахаах... енд бифор Нидрланд донт фргет дис. ... Енд ааам ... Ај уил сингинг Маседониан ленгуич донт фргет дис. Акшли ју диднт андрстенд енитинг бат дазнт метр бикоз ај гив ју мај хар ју гив ми јор воис. Ај агри !? Ај хоуп. Ај хоуп.“


Борат од Казахстан изгледа и не ни е така далечен роднина. :)



Tuesday, April 24, 2012

Драматична реакција

Мојата реакција по информацијата дека Елвир Мекичи снимал спот на истото место каде што се случи петкратното убиство и тоа само неколку часа пред несреќниот настан:


Инаку оваа информација се дознава недела дена отпосле несреќниот настан.

Изнајми пратеник

Роденденот, како еден од најзначајните денови во животот на човекот, се почесто се слави на многу неочекуван начин. Веќе демоде се прослави по дома, кафичи, па и дискотеки. Сега во мода е „Изнајми пратеник“.

Оваа иницијатива се појави како предлог на, верувале или не, самите пратеници.

Долго време го јаваме народот како стигнеме. Му се качуваме на глава, а тој ни дава пари за тоа. Време е да ја вратиме услугата назад“ - рече еден пратеник кој сакаше да остане анонимен додека го ставаше самарот на грб.

Друг пак додаде,  „Јас на ова гледам многу позитивно, спортуваме заедно со народот, го шетаме градот, им ги покажуваме одблиску работите што ги имаме направено за нив и за нашата држава. Едноставно народот е среќен, а и ние исто“.

Ги запрашавме и корисниците на оваа услуга што мислат тие за неа,

Еми шо да ти кажам, малио мој вика тате дај нешо ново да напрајме роѓендан ми са ближе, а не сакам као другте деца на плоштад да славем со огномети, тоа демунитив ми е веќе. И ја морав да му испунам желбата на малио“ - ни рече нашиот соговорник.


Сретнавме и еден млад брачен пар кој веќе беше во агенцијата за изнајмување на пратеници „Парламент“, па ги прашавме и нив што мислат за ова,

Па ни се допаѓа. Ова е нешто ново, нешто сензационално, нешто шокантно и скандалозно во исто време, а сепак благо-пријатно“ - рече младиот.

Се сложувам со мојот иден сопратник, среќни сме што ваква новост е дојдена кај нас и еве размислуваме да го искористиме пакетот „Брачно јавање“ каде се изнајмуваат двајца пратеници за нашиот најсреќен ден, свадбата.“ - ни рече младата.

Освен за роденден и свадба, пратениците може да се изнајмат и за именден, слава, па дури и прв состанок со идната девојка.

Ништо не остава подобар впечаток од тоа да ја земеш девојката од дома на прв состанок додека јаваш пратеник“ - ни рече еден млад човек кој едвај чекаше да дојде 20 часот за да го искористи својот пакет „Шармирај ја женската“.

Од агенцијата за изнајмување „Парламент“ ни рекоа дека граѓаните се многу заинтересирани и задоволни од услугите што ги нудат и најавуваат новини во блиска иднина. Сега за сега достапни им се неколку услуги:

Роденденско јавање“, „Брачно јавање“, „Шармирај ја женската“, „Цепање у град“ и најновата услуга која одма стана хит „Момачка вечер“ каде што млади дечки се тркаат меѓу себе качени на грбот на пратениците.



Инспирирано од: вест

Monday, April 23, 2012

Интро-дакшан

За се нешто мора да се пише интро, белешка за писателот, чуму се дрзнал да направи тоа што го направил, пошо на сите мора да ни е јасно зошто го направил тоа што го направил, оти нема да можеме да спиеме `ко што треба после. Ќе не јаде јанза, сафра, врба или жал... за Деспина... а може и Катерина, најверојатно Милена или Сандра, Сања можеби !? Многу женски имиња има кој ќе ги набројува сега, а и немам верско календарче, па појма неам дали ги кажувам како што декларира религијата.

Него друго ми беше муабетот, пред да ви кажам зошто отварам блог, да ви кажам неколку зборови за мене;

Роден сум одавна како дебело и големо дете, ептен дебело и големо дете... како два баскета дебело и големо дете. Уште како копиљ сакав да ги забавувам луѓето, се чувствував убаво кога ги забавував луѓето, некако си ја најдов смислата на моето живеење во тоа да ги забавувам луѓето, оти ништо друго и не знаев! Не бев јак, бев млитав, кус и слаб се до 3та година средно, па немав многу избор во својата идеална „кариера“ на улицата и кај женските.

Ако не си јак или убав, глеј да си смешен“, ова беше парола на мојот пубертет.

Подоцна си ја задржав таа парола иако се разубавев, барем баба ми ми вика така: „Најубав си во цел комшилук“. Баба ми ја знае само улицата каде што живееме, па сеа вие видете колку сум ја (веле)лепотан. :)

Живеев на повеќе дестинации, менував населби како Тони Опуштениот партии. (мора малце политика да умешам, јбг ;)) Со сите се дружев, со сите правев здраво и со сите си ја терав паролата од пубертетот. Тоа беше мое мото. Мој „трејдмарк“... да не кажам „штембил“, оти тоа некако на студентски прашања ми асоцира, а таму имав разновидливи искуства.

Пробував на различни начини да „успеам“ во животот. Успеам е во наводници, оти понекогаш и неуспехот го сметав за успех, оти ако си го надминал стравот кој си го имал за да направиш нешто, без разлика на резултатот од тоа нешто, за мене беше успех. Се уште се обидувам да „успеам“, ама за тоа отом-потом. ;)

Се радувам на мали нешта на пример: платата. :) 
Знам да правам гримаси кога ми е досадно, на пример: кога чекам во ред некаде и редот не се помрднува ни за мравји чекор.
Понекогаш знае да ми биде многу досадно, тогаш ми преминува во безвезе и знам да почнам да го тупам или да почнам да пејам. За ова последново, пеењето, има многу сведоци. Едноставно треба да работите со мене и после 2-3 дена или ќе ви стане јасно.. или после 2-3 саата.
Знам да бидам и тажен, ама се трудам што помалку да бидам таков. Сфатив дека нема фајде да си тажен. Подобро напиши некоја срце-парателна поема, отколку да си тажен. Знам и тоа да го правам. :)

Многу работи знам, многу работи незнам.

Една од работите што не ги знам е всушност и суштината на ова „интро-дакшан“, зошто отварам блог. :)

пс. сакам и игри на зборови, ама тоа веќе го приметивте, нели !?