Monday, April 23, 2012

Интро-дакшан

За се нешто мора да се пише интро, белешка за писателот, чуму се дрзнал да направи тоа што го направил, пошо на сите мора да ни е јасно зошто го направил тоа што го направил, оти нема да можеме да спиеме `ко што треба после. Ќе не јаде јанза, сафра, врба или жал... за Деспина... а може и Катерина, најверојатно Милена или Сандра, Сања можеби !? Многу женски имиња има кој ќе ги набројува сега, а и немам верско календарче, па појма неам дали ги кажувам како што декларира религијата.

Него друго ми беше муабетот, пред да ви кажам зошто отварам блог, да ви кажам неколку зборови за мене;

Роден сум одавна како дебело и големо дете, ептен дебело и големо дете... како два баскета дебело и големо дете. Уште како копиљ сакав да ги забавувам луѓето, се чувствував убаво кога ги забавував луѓето, некако си ја најдов смислата на моето живеење во тоа да ги забавувам луѓето, оти ништо друго и не знаев! Не бев јак, бев млитав, кус и слаб се до 3та година средно, па немав многу избор во својата идеална „кариера“ на улицата и кај женските.

Ако не си јак или убав, глеј да си смешен“, ова беше парола на мојот пубертет.

Подоцна си ја задржав таа парола иако се разубавев, барем баба ми ми вика така: „Најубав си во цел комшилук“. Баба ми ја знае само улицата каде што живееме, па сеа вие видете колку сум ја (веле)лепотан. :)

Живеев на повеќе дестинации, менував населби како Тони Опуштениот партии. (мора малце политика да умешам, јбг ;)) Со сите се дружев, со сите правев здраво и со сите си ја терав паролата од пубертетот. Тоа беше мое мото. Мој „трејдмарк“... да не кажам „штембил“, оти тоа некако на студентски прашања ми асоцира, а таму имав разновидливи искуства.

Пробував на различни начини да „успеам“ во животот. Успеам е во наводници, оти понекогаш и неуспехот го сметав за успех, оти ако си го надминал стравот кој си го имал за да направиш нешто, без разлика на резултатот од тоа нешто, за мене беше успех. Се уште се обидувам да „успеам“, ама за тоа отом-потом. ;)

Се радувам на мали нешта на пример: платата. :) 
Знам да правам гримаси кога ми е досадно, на пример: кога чекам во ред некаде и редот не се помрднува ни за мравји чекор.
Понекогаш знае да ми биде многу досадно, тогаш ми преминува во безвезе и знам да почнам да го тупам или да почнам да пејам. За ова последново, пеењето, има многу сведоци. Едноставно треба да работите со мене и после 2-3 дена или ќе ви стане јасно.. или после 2-3 саата.
Знам да бидам и тажен, ама се трудам што помалку да бидам таков. Сфатив дека нема фајде да си тажен. Подобро напиши некоја срце-парателна поема, отколку да си тажен. Знам и тоа да го правам. :)

Многу работи знам, многу работи незнам.

Една од работите што не ги знам е всушност и суштината на ова „интро-дакшан“, зошто отварам блог. :)

пс. сакам и игри на зборови, ама тоа веќе го приметивте, нели !?


No comments:

Post a Comment