Thursday, April 26, 2012

Трол во програмата

Да бидам искрен, ретко вклучувам телевизор. Толку ретко што и кога ќе го вклучам, обично ми иде во фон додека правам сосема други работи низ дома.

Уште поретко пак гледам утринска програма, затоа што тој период обично се спремам за работа, па не ни имам можност да вклучам телевизор, а и не ни сакам, оти не ми треба додатно мрчало од сабајле додека проверувам дали сум заборавил да облечам фармерки пред да излезам од дома.

Но, има луѓе што го прават тоа, за таа цел ќе ви споделам едно клипче:




На прво гледање клипчето е смешно, оти тип се јавува во програма и ја ремети водителката. Но кога ќе си подразмислите малку, тип СТАНАЛ САБАЈЛЕ ВО 7 СААТ ЗА ДА СЕ ЈАВИ ВО ПРОГРАМА И ДА ЈА РЕМЕТИ ВОДИТЕЛКАТА!

Зошто побогу човеку !?

И тоа реметот од прва е ок, ама вториот со тангата и миничот... не баш. Според мене тоа веќе спаѓа во сексуално малтретирање и не знам дали постои закон за спречување на вакво малтретирање, ама треба да се измисли... кога можат закон за пружање гаќи, може и за сексуално малтретирање во програма. Едноставно ќе го видат бројот од кој се јавува гледачот, ќе контактираат со операторот кој му нуди телефонска услуга и оп на врата казна. Секоја заебанција се плаќа, вака или онака.

Да не ме разберете погрешно, ја сум за шала, сеир, заебанции и сл, ама кога се тие оправдани и со мерка. А да се правиш фраер на девојка посабајле и тоа без некоја посебна причина, за мене е „лејм“.

Оставете ја утринската програма на пензионерите, тие и онака немаат што друго да прават од сабајле. ;)



No comments:

Post a Comment